-->
-->
Македонците во Виена на протест против воведување на двојазичност во Македонија
-->
Македонските граѓани што живеат и работат во Виена, денеска протестираа во главниот град на Австрија, изразувајќи го својот револт од иницијативата за воведување на двојазичност во Република Македонија што ја покрена претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев. Како што јавува дописникот на МИА од Виена, повеќе од 200 Македонци со транспаренти „Против двојазичност во Македонија“, „НЕ за федерализација на Македонија“ и „Доста ни е од предавници“ протестираа на обидот за менување на според нив уставниот поредок во македонската држава.
- Според Уставот на Република Македонија, службен јазик во државата е македонскиот и неговото кирилично писмо. Така треба и да остане! Доста беше со тргување со националните и државните интереси на Македонија - револтирано во еден глас порачаа во Виена.
По еден час, македонските граѓани мирно се разотидоа, посочувајќи дека ова е вторпат за шест месеци да протестираат во Виена за обидите преку политичката дестабилизација што во Македонија според нив ја прави опозициската СДСМ да се загрозува опстанокот на македонската држава. Претходно, во мај оваа година, Македонците од Австрија протестираа пред седиштето на Европската унија во Виена каде требашеда се одржат преговори на лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, што во последен момент беа откажани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово