Македонците во Србија против преименување на белградската улица „Гоце Делчев“
Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија денеска побара да се отфрли иницијативата за преименување на улицата „Гоце Делчев“ во Нов Белград.
Во соопштението на Советот се посочува дека белградската улица била именувана по Гоце Делчев по Втарата светска војна „во знак на пријателство меѓу македонскиот и српскиот народ и како израз на почитување на македонската национална заедница што живее во Белград“.
Како што јави Танјуг, Советот наведува дека тврдењата оти Гоце Делчев водел „нагласена антисрпска политика“ се невистинити, потсетувајќи на неговата максима: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
Реакцијата на Советот следи по најавата на градскиот менаџер на Белград, Горан Весиќ дека на дневен ред на следната седница на белградското Градско собрание ќе се најде и иницијативата за преименување на улицата „Гоце Делчев“ во „Маршал Фјодор Толбухин“, кој командувал со советските сили кои учествувале во ослободувањето на Белград во 1944 година.
- Одлуката за промена на името на улицата „Гоце Делчев“ е природна, бидејќи Делчев како осоновач, лидер и идеолог на Македонската револуционерна организација од 1893 година, со ништо не ја задолжил Србија, а ниту Белград, изјави Весиќ.
Ново на Сител
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка
-
Утре локални врнежи од дожд, повремено и поројни