Македонците во Хрватска организираат „Денови на глаголица во Истра“
Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонско културно друштво на Истарска жупанија „Св. Кирил и Методиј“, Пула организираат културна манифестација „Денови на глаголицата во Истра“.
Во рамки на манифестацијата ќе се одржи Академска вечер за животот и делото на Св. Кирил и Методиј, за што ќе зборува парохискиот свештеник на Македонската Православна Црква во Хрватска, протојереј Кирко Велински
За патот на глаголицата и глаголското писмо ќе зборуваат етно музичарот Драго Драгузет и Авелина Дамијањевиќ Ковачиќ.
Македонски песни и рецитации ќе изведат МКД ИЖ „Св. Кирил и Методиј“ Пула, со мешовитиот пејачки хор и оркестар и соло изведби.
Предвидено е учество на поетеси и поети од Истарската жупанија, гости од Црковниот хор „Св. Јован Кукузел“ при соборниот храм „Св. Архангел и Михаел“ од Виница, Р. Македонија.
Ново на Сител
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата