Македонија
30. November 2023 - 19:56

Македонците во Албанија стравуваат од исчезнување по бројните притисоци да се потпишат како Бугари

Македонското малцинство во Албанија стравува од исчезнување. Бројните притисоци со кои се соочија за време на пописот за да се изјаснат како Бугари велат дека ќе донесе нерелевантни податоци. Откако обидот за поткуп со телефони и таблети не беше успешен, бугарската амбасада во Албанија почнала со закани за одземање на бугарските пасоши. 

Стерјовски вели дека она што повеќе загрижува е што албанските власти останале без реакција на сите пријавени притисоци од бугарската амбасада. Тврди дека поголем дел од населението во македонските општини воопшто не било попишано, што може да има и посериозни последици.

Последниот попис во Албанија покажа дека македонското малцинство е 0,2% од вкупното насление, или како Македонци се изјасниле 5.512 граѓани. Дали овие бројки ќе се пресликаат и на овој попис ќе се знае кон средината на идната година кога е најавено објавувањето на резултатите.