Македонците во Албанија според традициите го одбележаа Ѓурѓовден
Македонците во Албанија, независно од нивната верска припадност, врз основа на вековните традиции, го одбележаа денот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден.
Достоинствено одбележувањето, кое почнува во пресрет на празникот и трае три дена, беше во Преспа, Врбник, Голо Брдо и Гора.
-Во Мала Преспа, имаше организирани прослави во селата Шулин, Глобочени и Долна Горица. Во село Долна Горица, беше одбележан споменот на славниот патрон и небесен застапник, светиот великомаченик Георгиј Победоносец во црквата Св. Ѓорѓија, со богослужба што ја одржа отец Алексо Темелко, пренесува весникот Македониум.
Во областа Гора прослава се организираше во село Шиштавец, каде се одржа и трка со коњи, додека во областа на Голо Брдо, Ѓурѓовден организирано се славеше во село Стеблево.
-На Ѓурѓовден во Мала Преспа, Врбник, Гора и Голо Брдо се изведуваат многу обичаи поврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај пред зајдисонце кога сите млади и постари одат по ливадите и градинте, каде берат гранчиња /потки/ и цвеќиња, ги носат дома каде ги закитуваат портите, влезната врата на куќата, трлата, плевните, се за здравје и во чест на доаѓањето на пролетта, наведува весникот.
Според верувањето потките ги штитат куќите од разни опасности, а нивите и родот од несреќа. Во некои места гранче боз се става пред куќата пред влезната врата и утрото на Ѓурѓовден секој кога ќе стане и излегува надвор стапнува на бозот за здравје.
Насекаде, вечерта спроти празникот и вчерашниот ден се виеше македонско оро и се пееја традиционални песни наследени од нивните предци.
Ново на Сител
-
Српскиот премиер го осуди насилството и повика на дијалог
-
Уапсен 34-годишен Македонец, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во Грција
-
Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија
-
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан
-
Приведен 69-годишен возач од Делчево, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата
-
Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград