Македонците стартуваа со подготовките во Анталија

Репрезентативците Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед) и Столе Димитриевски (Тарагона) синоќа допатуваа во базата на македонската А репрезентација во турски Белек. Селекторот Игор Ангеловски во полн состав го реализираше првиот од двата предвидени денешни тренинзи. Стефан Ристовски, од лисабонски Спортинг вели дека на контролните дуели добиваме слика за тоа што не чека за неколку месеци и почетокот на важните натпревари од Лига на Нации.
-Јасно ми е дека од нас се очекува да бидеме во вистинска форма за натпреварите од Лига на Нации, но на овие контролни дуели добиваме слика за тоа што не чека во иднина. Мислам дека е важно да го засилиме карактерот на тимот низ овие пресметки и да продолжиме да работиме. Атмосферата меѓу нас е одлична, секогаш ни е драго кога се враќаме во репрезентативниот дрес и овие десетина дена ќе ги искористиме и за поголема комуникација и поголемо зближување. Секако, се надевам дека ќе бидеме на ниво и на натпреварите против Финска и Азербејџан, изјави Стефан Ристовски.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
