Loading Video...
Македонија
9. March 2021 - 16:54

Македонците со бугарски пасош ќе добијат вакцина, почна електронското пријавување

Македонските граѓани со бугарско државјансто почнаа да се пријавуваат за вакцинирање во Бугарија. Од македонско бугарското здружение за пријателство велат дека првите термини се закажани до крајот на месецов. Единствен услов е  граѓаните на вакциналниот пункт да покажат дека поседуваат бугарски документи, посочуваат од Здружението за македонско бугарско пријателство кои се во директен контакт со надлежните институции во Бугарија.

Процесот на регистрација е електронски. Заинтересираните можат да се пријават на порталот COVID-19 Регистрација за ваксинација, така што ќе ги пополнат графите за лични податоци, единствен матичен број и бројот на личната карта.  Постои и опција за избор на датумот и пунктот на вакцинирање, но и за типот на  вакцина со која  би сакале да се имунизираат. 24 часа пред вакцинацијата, пријавените добиваат потсетување за терминот и местото на кое треба да се појават, но за влез кај соседот е потребен и негативен ПЦР тест.

Инаку, во Бугарија во оптек се вакцините на Астра Зенека, Фајзер и Модерна, но и интересот на бугарските граѓани за имунизација е најслаб во Европа. Засега со две дози се вакцинирани околу 1 процент на популацијата, а анкетите покажуваат дека дури 52 проценти од Бугарите категорично одбиваат да се вакцинираат против Ковид.