Македонците онлајн плаќаат за интернет или мобилни услуги двојно повеќе од европскиот просек

Македонските онлајн купувачи се најактивни во модата и во плаќањето на претплати за интернет и мобилни услуги, а мал дел на тој начин купуваат лекови, електроника и апарати за домаќинство, храна и пијалаци, покажува Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија, во кој се анализирани податоците од Евростат, за првото тримесечје од 2024 година.
Според податоците, 63,2 проценти од македонските интернет корисници купуваат онлајн, што ја позиционира земјата подобро од другите балкански соседи освен Србија (65 проценти), но сепак под европскиот просек од 76,6 проценти.
Речиси 74 проценти правеле нарачки за облека, обувки и модни додатоци, што ја прави модата убедливо најдоминантната категорија со што државава е над европскиот просек.
Само 7,7 проценти од македонските онлајн купувачи нарачуваат лекови или додатоци во исхраната, како што се витамини, наспроти 48,3 проценти во Шведска и 36,6 проценти во Грција. Исто така, онлајн купувањето на електроника и апарати за домаќинство е исклучително ниско, само 2,3 проценти, а храната и пијалаците ги купуваат онлајн само 7,6 проценти од купувачите
За разлика од нарачките во категоријата мода, купувањето на други производи од страна на македонските интернет купувачи останува значително ограничено, односно 25,3 проценти купиле спортска опрема, 21,8 проценти козметика, убавина или „wellness“ производи, мебел, 12,4 проценти домашни и градинарски производи, 11,4 проценти купиле компјутери, таблети, мобилни телефони или додатоци, а 9,1 проценти детски играчки и производи за нега на деца. Особено ниска е застапеноста на онлајн купувањето кај средствата за чистење и лична хигиена (7,9 проценти), лековите и додатоците во исхраната (7,7 проценти), храната и пијалаците (7,6 проценти), како и електрониката и апаратите за домаќинство (2,3 проценти).
Во делот на услугите, 44,1 проценти од онлајн купувачите платиле интернет или мобилни услуги онлајн, скоро двојно повеќе од европскиот просек од 22,4 проценти. Исто така 33,7 проценти платиле комунални услуги, исто така надминувајќи го европскиот просек од 13,2 проценти, 18,3 проценти од интернет купувачите направиле букирање за транспорт, а 15,5 проценти за хотели, додека платените дигитални содржини остануваат слабо застапени, со само 1,4 проценти претплати за музички стриминг.
Според Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија во Северна Македонија, покрај модата и услугите, постои значителен неискористен потенцијал за проширување на онлајн понудата и во други категории на производи.
- Македонските онлајн купувачи се најактивни во модата и во плаќањето на претплати за интернет и мобилни услуги, каде што онлајн купувањето е над европскиот просек. Во другите категории, онлајн купувањето е значително помалку застапено, што укажува на јасен простор за раст. На пример, само 7,7 проценти од македонските онлајн купувачи нарачуваат лекови или додатоци во исхраната, како што се витамини, наспроти 48,3 проценти во Шведска и 36,6 проценти во Грција. Исто така, онлајн купувањето на електроника и апарати за домаќинство е исклучително ниско, само 2,3 проценти, а храната и пијалаците ги купуваат онлајн само 7,6 проценти од купувачите, вели во пишана изјава Ангеловска Станков.
МИА
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
