Бизнис
16. October 2015 - 20:42

Македонците јадат здрава храна

Македонските граѓани јадат безбедна и квалитетна храна. Надлежните по повод Светскиот ден на храната уверуваат дека спроведуваат редовни инспекциски контроли. При проверките на сите производи кои се прскаат со пестициди не е констатирано дека има неправилности, а нивото е во границите на дозволеното.

Од Организацијата на потрошувачи пак бараат подобро одбележување на производите. Особено на состојките како шеќери, масти и сол кои доведуваат до одредени заболувања. Истакнуваат дека поголемо внимание треба да се посвети и на прекумерното фрлање на храна, за што во иднина планираат да превземат одредени мерки.

Од почетокот на годината се спроведени околу 6000 инспекциски контроли на храна од неживотинско потекло при што се одземени и уништени    9    тони. Додека од 6500 контроли на животинска храна одземени се 2 тони.