-->
-->
Макао: Во тајфунот „Хато“ загинаа три лица
-->

Три лица загинаа, а двајца се во критична состојба, откако тајфунот „Хато“ помина во кинескиот посебен административен регион Макао.
„Хато“ е најсилниот тајфун од 1999 години па досега што минувал низ територијата на Макао.
Синоптичарите објавија највисок, односно десет степени, степен на предупредување на опасност од бури.
Како последица од тајфунот, во регионот неколку улици останаа под вода, а голем број дрвја беа турнати од силниот ветер.
Регистирани се сериозни штети во доводите за електрична енергија и водоснабдувањето.
Претходно, тајфунот „Хато“ беше во Хонгконг, каде се регистрирани 34 повредени лица.
Постепено губејќи сила, тајфунот се движи кон внатрешноста на јужната кинеска провинсија Гуандун, јави ТАСС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот
-

Трамп најави можност за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија
-

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
