Кошарка
17. November 2016 - 19:07

Макаби го совлада Уникс Казан

 
 Екипата на Макаби Тел Авив славеше победа во дуелот со Уникс, во воведниот натпревар од 8.коло на Евролигата.
 
На средбата одиграна попладнево во Казан, израелскиот шампион до четвртиот триумф сезонава стигна со минималната победа од 73-74.  
 
 Вечерва се играат уште три натпревари од ова коло. Во Истанбул се игра големото турско дерби меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес, додека во Црвена ѕвезда е домаќин на Армани Милано, а Басконија ќе го пречека германскиот шампион Бамберг. 
 
Останатите четири натпревари ќе се играат утре, а двојките се: ЦСКА Москва - Жалгирис , Галатасарај – Дарушафака, Панатинаикос – Олимпијакос и Барселона - Реал Мадрид.