-->
-->
Мајли Сајрус со поддршка за својот пријател кој јавно призна дека е хомосексуалец
-->
Мајли Сајрус ја поздрави одлуката на својот пријател и колега-рапер Лил Нас Икс, да ѝ соопшти на јавноста дека е хомосексуалец.
– Толку сум горда на моето помало братче Лил Нас Икс. Секогаш сум со тебе, другар!, напиша таа под сликата што ја објави на Инстаграм. Раперот го искористи последниот ден од „Месецот на гордоста“ за да ја каже вистината за себе.
– Некои од вас веќе знаат, а на некои пак, и не им е грижа… Но, пред да заврши месецов, сакам сите повнимателно да ја слушнете „c7osure”, напиша 20-годишниот музичар на Твитер.
Во својата нова песна, тој вели, меѓу другото, „нема веќе глумење, ми велат дека јас, едноставно, треба да се издигнам“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите