Мајли Сајрус: Бездомник ja продава мојатa МТВ награда за 15.000 долари
Иако Мајли Сајрус не учестуваше на овогодишното доделување на МТВ награди, нејзиното „наследство“ од претходните години и понатаму живее. Имено нејзината МТВ награда сега се најде и на иБеј.
Пејачката во 2014 година на доделувањето на МТВ наградите како придружба го доведе бездомникот Џеси Хелт (24). Мајли Сајрус (23) му ја подари статуетката која ја доби за спотот „Wrecking Ball“, а тој се заблагодари со трогателен говор. Сега ја продава.
- Барам 15.000 долари. Очекувам бебе и ми требаат пари, рече Хелт, кој заради илегално минување низ туѓ имот бил во затвор. Мајли не ја налути неговиот потег.
Хелт во огласот наведе дека статуетката е во „одлична состојба“ и дека се работи за редок предмет, а се пофали дека на него нема отисоци.
Мајли Сајрус во меѓувреме се враќа на малите екрани и тоа во серијата на режисерот Вуди Ален, „Криза во шест сцени“. Првата епизода ќе биде прикажана на 30 септември.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници