Мајкрософт Македонија со караванот „DigiGirlz” претставен на ФИКТ-Битола
Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ кој е во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, денеска беше домаќин на претставници на Мајкрософт, кои во Битола гостуваа со караванот „DigiGirlz”.
Станува збир за промотивен настан за филантропија во Мајкрософт или човекољубие, грижа за општеството, во овој случај, истакна Елисавета Нојковска, менаџер за маркетинг на Мајкрософт Централна и Источна Европа. за девојчињата кои како целна група малку се опфатени со ИТ технологијата.
– Нашата цел е да им кажеме и покажеме на девојчињата за технологијата, за новитетите, за тоа како да се вклучат подобро и да запознаат што повеќе жени од Македонија кои се вклучени во ИТ-Светот. Познато е дека во нашата држава има жени што се успешни, а припаѓаат на ИТ фелата. Денес не може да се биде имун на ИТ, но ние сакаме што повеќе жени во овој сектор. Според истражувањата на Мајкрософт, девојчињата меѓу 8 и 12 години активно се вклучуваат во користење на ИТ-технологии, учат, користат мобилни телефони, таблет…но на возраст од 14 до 15 години заинтересираноста се намалува и „бегаат“ од ИТ-Светот, затоа со вакви настани сакаме да ги мотивираме да дознаат за жени иноватори, за жени научници и за тоа што помага ИТ-технологијата, истакна Нојковска.
Според деканот на ФИКТ-Битола, проф. д-р Игор Неделковски забележан е раст на девојките за студирање на ФИКТ, а повод за тоа се можностите кои ги нуди факултетот посебно во ИТ-технологијата.
– ИТ-професијата е професија на иднината. Се повеќе девојки се запишуваат на нашиот факултет бидејќи ФИКТ претставува врвна академска институција во државата. Трендот за запишување студентки на ФИКТ континуирано расте и што е најважно се надминуваат стереотипите дека ИТ-индустријата е машка професија. ИТ-индустријата е застапена насекаде, во здравството, во туризам, бизнис, макректинг, дизајн, што значи дека која било девојка што не сонува да биде програмер може да ја најде својата идна професија во ИТ-секторот, посочи деканот Неделковски на денешниот промотивен настан во овој град.
Ново на Сител
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите
-
Тема на денот со членови на Здружението „Карпалак“
-
Психијатар тврди дека Раде Трајковски – Штекли има шизофренија и не треба да му се суди
-
Од стартот на летото над 2000 сообраќајки на македонските патишта, 22 со фатални последици
-
Трите големи банки ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, вели Славески
-
Како ќе влијаат царините на Трамп врз македонската економија?
-
Паркингот на Клинички ќе има нов ценовник – Пациентите ќе плаќаат повеќе од сега, но помалку од вработените!
-
Ќе се стави ли клуч на врата на 13 сеизмолошки станици во државата?