Живот
9. July 2018 - 17:59

Мајката пронајде игла во устата на своето бебе: Детето имало забодени 10 игли од кои шест се остранети, но опасноста по животот постои

Мудасир Каримов, стар само 9 месеци се бори за живот во болницата во Таџикистан. Лекарите во неговото тело пронајдоа 10 игли.

Мајката на детето откри игла во непцата на својот син и веднаш го однела во болница.

Лекарите пронајдоа вкупно десет игли во черепот на детето, во неговиот нос, нозете, вратот и градите. Лекарите заклучиле дека тоа не е случајно па семејствоото стравува дека тоа го направила или дадилката или некоја од роднините со намера да ги истера злите духови, пишува Дејли мејл.

Лекарите успеаја да отстранат 6 игли.

-Последните две кои ги извадивме беа обични игли за шиење. Во телото на детето биле веќе некое време. Не ги чепкавме тие во черепот и стомакот зошто таа операција би траела предолго, велат лекарите.

Додаваат дека нивна задача е да ги отстранат иглите, а полицијата ќе одлучу што натаму ќе се случува. Велат дека досега немале таков случај, но дека минатата година дете во Узбекистан починало и дека во неговото тело лекарите нашле 16 игли.