Мајката на убиената Вања: Не можам да разберам зошто моето преубаво девојче е во гроб

- Неговиот живот не ме интересираше. Мојот живот беа децата. Беше оставен на мир за и тој мене да ме остави на мир, кажала Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања во изјава за српска „Репбулика“.
- Не сум во состојба да зборам. Се уште не знам зошто се случи ова. Го чекам епилогот. Не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол. Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб. Имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознаам вистината. Другата ќерка е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално. Бевме разведени пет години и не знам што правел и со кого. Бевме во добри односи заради децата, не се расправавме околу старателството, воспитувањето. Смееше да ги види кога сака или кога ќе посакаат децата. Неговиот живот не ме интересираше. Мене животот ми беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мир, за да ме остави мене на мир, изјавила за Република мајката на Вања Ѓорчевска.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
