Мајката на Сала го нападна раководството на Кардиф
На крајот на месец јануари ужасната вест за исчезнувањето на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон го потресе фудбалскиот свет. Напаѓачот потпиша договор со Кардиф, кој го купи од Нант за 15 милиони фунти. Авионот на двајцата се урна на патот од Франција кон Велс, а подоцна беше пронајдено телото на аргентинскиот голгетер, но се уште не се знае каква е причината за трагедијата.
Мајката на фудбалерот, Мерседес Тафарел смета дека тимот од Премиер лигата не постапува правилно, откако не го плаќа износот на францускиот тим. Меѓу двете страни има формален договор, но во моментов од Кардиф одбиваат да ја платат сумата, додека не заврши истрагата.
– Емилијано потпиша пред очите на јавноста, пред очите на сите, за тоа Кардиф треба да плати. Сметам дека ова однесување е срамно за мене и моето семејство. Кардиф можат да направат своја истрага за да се разбере вистината и тоа ми се допаѓа, но тие не го почитуваат дадениот збор. Гневна сум и тоа е факт. Тие не се погрижија за мојот син. Играч кој ги чинеше толку многу пари, тие не се однесуваа со него онака како што заслужи, вели мајката на Сала.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување