Мајката на Јелена: Златни предмети не се одземени од гробот, расфрлани се од Јелена марамата, ќебето, чаршафот
Мајката на 17-годишната Јелена Филиповиќ која загина во сообраќајна несреќа во 2020 година и чијшто гроб беше отворен и оксвернавен, за „Слободен печат“ раскажува дека ден пред да го отворат гробот дошол човек на нивната влезна врата и им се заканувал дека ќе им пренесе порака за брзо време. Мајката смета дека приказната дека гробот е отворен за да се украде златно ланче е фарса, и дека е само заплашување кое следи на една недела пред судењето во кое ќе се расветлува случајот за смртта на младата Јелена.
– Не верувам во приказната дека гробот е откопан за да на ќерка ми и украдат златно ланче. Еден ден претходно, еден ден пред да го откопаат гробот, јас пријавив во полиција дека дојде човек пред мојата куќа, пред мојата врата да ми се заканува и да ми каже дека „многу брзо ќе ја разберам пораката”. Поточно, дојде шофер од фирмата на сопатничката на Јелена од вечерта кога се случи несреќата. Тој дојде кај мене дома. Пријавен е, полиција го бараше, ноќта не го најдоа. Меѓутоа, утредента е приведен, па пуштен. Ова се само извршители на делото, а нарачателот кој е? Друго, златни предмети не се одземени од гробот. Ништо не недостасува. Само е осквернавен гробот, расфрлани се од Јелена марамата, ќебето, чаршафот за јас да го видам тој призор и да ме уништат и мене, вознемирено и низ солзи раскажа за „Слободен печат“ мајката на загинатата девојка, Гордана Филиповиќ.
Викендов, гробот на починатата Јелена Филиповиќ беше целосно и длабоко прекопан и осквернавен.
Во скопскиот Кривичен суд во тек е судењето против млад кумановец обвинет за предизвикување на сообраќајката во која загина девојката.
Ново на Сител
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена