Мајката на Јана: Ситуацијата ѝ се влоши по истекување на половина од инфузијата
Ја однесовме Јана на лекар. Докторката и го прегледа грлото кажа дека е црвено, ја наслуша со стетоскоп, ни рече само дека е бледа и дехидрирана заради повраќањето и не пушти да одиме во лабораторија да испитаме крв од прст и да се вратиме назад, објаснува мајката Кристина.
Како што појасни Кристина, малата Јана до вратата одела сама, потоа татко и ја земал во раце бидејќи како што наведува таа брзале да завршат работа во лабораторија.
- Отидовме во лабораторија почекавме бидејќи имаше гужва, влегов два пати за да кажам дека се работи за мало дете за да ја избегнеме гужвата бидејќи е дехидрирано девојчето. Почекавме 5 минути, и земаа крв, рацете и беа ладни и едвај и земаа крв поради дехидратацијата. И го измерија шеќерот и тој беше 8,9. Потоа, ни рекоа да почекаме да ја известат докторката дека е шеќерот 8,9, додава Кристина, по што Јана била хоспитализирана.
Си го легнав срцето на креветче, ја почекав сопругата да се врати од лабораторија бидејќи таму ја заборави книшката и откако дојде јас излегов во ходникот, кажа Стојче, таткото на малата Јана за Сител.
- Сестрите и ставија инфузија. Инфузијата течеше нормално, девојчето лежеше и си заспа. По неколку минути и се поврати бојата на лицето, и се стоплија рацете, се беше во ред. Кога инфузијата стигна до половина девојчето почна да се жали на болка во стомакот и нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука дека работи, па ја викнав сестрата да и кажам дека девојчето го болат стомакот и нозете и дека не сака повеќе да лежи и бараше да и се извади инфузијата таа рече дека е нормално да има грчеви од што повраќала. Раката и отече. Инфузијата и ја премести сестрата на другата рака и мислам дека ја поотпушти бидејќи ја замолив така да направи доколку смее затоа што не може да седи, а ако не смее не смее. Јана се тресеше од болки. Медицинската сестра ми рече дека докторката ќе дојде, седете не е ништо ова е грчеви во стомакот нека дотече инфузијата, кажа Кристина, додавајќи дека се додека течела инфузијата Јана велела дека не може да издржи, а докторката не се појавила ниту еднаш.
На прашање кога нагло дојде до влошување на ситуацијата на Јана, нејзината мајка кажа дека тоа се случило по истекување на половина од инфузијата.
- Кога не можеше веќе, имаше тука деца на пракса од вишата медицинска школа и ги замолив да ја бараат докторката или да повикаат медицинска сестра да ја исклучат инфузијата, бидејќи девојчето навистина веќе не може и рака и потече целосно. Дојде сестрата ја извадија инфузијата и Јана поврати обилно само вода и устата и посини. Тогаш докторката дојде со трчање јас и ги држев нозете, а тие и мереа шеќер кој беше 19,9. Претходно, кога докторката ги виде резултатите од крвта ми рече дека е во ред и дека шеќерот е покачен од повраќањето и дека тоа е нормално. Кажа дека треба да истече инфузијата и дека ќе прими уште една иста таква и да ги чекаме другите резултати да не треба да се стави некаков лек, кажа мајката на Јана, Кристина за Сител.
Како што објаснува Кристина по ова Јана била преместена на полунитензивна на детското одделение.
- Прашував што е работата, а тие ме бркаа од внатре. Ми кажаа „излезете од тука, работиме. Пациентот е во тешка состојба“. И правеа ЕКГ и уште една инфузија во прстот, кажа Кристина.
Откако стигнале резултатите од вена докторката и кажала на Кристина дека се покачени мускулните ензими и дека мора да заминат итно за Скопје, бидејќи станувало збор за вирус кој можел да стигне до срцевиот мускул.
- Јана ги превртуваше очите. Ми кажаа дека има тахикардија. Кога ги прашував докторите како е Јана ми кажаа дека бараат по телефон доктор за да не пуштат со комбе за Скопје, да почекале малце дур да се организираат. Да знаете дека состојбата е критична, ова изгледа е некој вирус што ги напаѓа мускулите и дека ќе ве пратиме во Скопје. Чекавме 15-20 минути и тогаш настана паника, додава мајката на Јана.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз