Мајката на Данка: Ме болат обвинувањата и шпекулациите

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче Данка Илиќ, првпат открива дека го погледнала видеото снимено во Виена, одговара на обвинувањата дека гуглала граничен премин за Романија и тврди дека е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад сѐ, објави медиумот Нова.рс.
Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побргу да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни небулози за неа.
– Се држиме колку што можеме, само што побргу да се најде Данка, чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и мојот сопруг ќе се огласиме јавно и ќе одговориме на сите навреди, прозивки и небулози. Затоа не се огласуваме. Сите овие шпекулации, кои ја префрлаат вината на мене и на мојот сопруг, ме болат – вели нажалената мајка.
Ивана открива што се крие зад текстовите на некои таблоиди во кои пишува дека со вештачење на нејзиниот мобилен е откриено дека пребарувала гранични премини со Романија, а и колку може кривично да одговара.
– Телефонот беше на вештачење, само тоа ќе го кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка која си го бара детето, мојот статус ќе беше поинаков. Само Данка да се врати жива и здрава, а потоа ќе разговараме за сѐ- вели Ивана.
На прашањето дали го гледала видеото во Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана вели дека го гледала.
Ново на Сител
-

Андроид функции кои го олеснуваат секојдневното користење на телефонот
-

Спречено криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места
-

Изгубил контрола над возилото, а потоа удрил во 46-годишен работник од Кина и тешко го повредил
-

17-годишна Албанка од Македонија исчезна кај Штутгарт, семејството бара помош
-

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители
-

Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, затруени од вдишување лепак
-

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
