Мајка раскажува: Од моите влакна за малку ќе му ги ампутираа прстите на моето бебе

Секојдневно од главата ни испаѓаат стотина влакна кои завршуваат насекаде околу нас и може да бидат многу опасни по сечие здравје.
Младата мајка Хедер Фрик доживеала шок кога нејзиниот сопруг го преоблекувал нивниот син Џејкоб, кој се' уште е бебе.
Тој ден, Хедер со своето бебе старо 10 недели имала вообичаен секојдневен ден – пишува Mirror. Откако му ја променила пелената, бебето го ставила во креветчето за да може таа малку да одмори, по што го нахранила и повторно му ја променила пелената.
Кога го предала бебето во прегратките на својот сопруг, тој забележал дека нешто не е во ред, а Хедер сега сака да ги предупреди сите родители за она што нејзе и се случило.
-Сите родители, а особено новопечените мајки и татковци, ве молам да го прочитате ова и да го споделите. На тато му дадов да му ги облече чорапчињата кога тој забележа дека прстињата му се помодрени и врзани со влакно од мојата коса.
Веднаш ги отстранив влакната колку што можев и го одведовме на Ургентна. Таму поминавме еден час додека 5 доктори се обидуваа да му ги отстранат влакната од мојата коса кои му беа заплеткани на два прста.
Лекарите ни рекоа дека би морале да му ги отсечат тие два прста ако само малку сме задоцниле и подоцна сме се појавиле во болница – напишала потресената мајка на својот Фејсбук профил.
За цела среќа, Џејкоб добро закрепнува после интервенцијата, иако Хедер вели дека тој се' уште има болки. Таа ја завршува својата порака со предупредување за сите родители, задолжително да ги прегледуваат стапалата на своите бебиња, а доколку имаат момче, истото да го сторат и со неговиот пенис.
Бебињата се многу малечки па влакната на возрасните може да им направат големи проблеми, поради што родителите мора да обратат внимание.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
