Мајка повикала полиција да го спречи пијаниот син да седне зад волан - Тој ги нападнал
На 29.09.2015 година во 23.40 часот на бензинската пумпа во населбата Ново село во Штип, полициски службеници биле нападнати при преземање мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир.
МВР денеска соопшти дека Л.В.(50) и Е.В.(28) од село Лакавица, се карале, викале и непристојно се однесувале. Л.В. побарала од полициските службеници да го спречат нејзиниот син Е.В. во намерата да управува патничко моторно возило бидејќи бил под дејство на алкохол.
Од страна на полицискиот службеник на Е.В. му било издадено наредба да не го стартува возилото и да излезе од него, по што тој излегол и физички го нападнал полицискиот службеник. Вршејќи службени дејствија полицискиот службеник, стои во соопштението, бил физички нападнат и од Л.В. Тие биле приведени во Полициската станица во Штип каде им било извршено алкотестирање при што кај Е.В. е утврдено присуство на алкохол од 2,00 промили, додека кај Л.В. 0,64 промили и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите