Мајка од пеколот: Украинка децата ги оставила 11 дена без храна и вода - јаделе тапети и измет, синот умрел од изгладнување
Мајка која своите две деца ги оставила без храна и вода 11 дена, за да помине време со својот љубовник и нивното дете, е осудена за убиство.
Владислава Трохимчук (23) од Киев во Украина, не покажа каење во текот на судењето, а дури и се смеела кога ја осудија на 8 години затвор, зошто намерно ги изгладнувала децата и поради убиство на синот Даниел.
Нејзината ќерка Ана (3) успеа да преживее така што пиела вода од вазната, но девојчето страдало од хронична неухранетост.
Соба на стравот во која децата умирала од глад
Децата не можеле да ја напуштат својата соба, зошто под вратата се наоѓал пешкир.
Децата така гладувале 11 дена, а за тоа време ги јаделе тапетите, гипсот и сопствениот измет. На ѕидовите се пронајдени траги од заби, а тие очајно се обидувале да го тргнат линолеумот од подот за да ја отворат празнината под вратата.
Децата со запчињата ги стругале ѕидовите и ги јаделе своите фекалии
Поранешната свекрва на Владислава се обидела да влезе во станот но немал клуч, вели нејзиниот поранешен маж Алексај Трохимчук, татко на децата.
Неговата мајка ги пронашла децата 11 дена подоцна. Во полиција рекла дека дошла кај децата да донесе јадење и играчки.
Во фрижидерот имало нешто храна, но децата не можеле да излезат од собата.
„Ана лежеше на креветот и спиеше. Ја разбудив, и дадов сирење и банана, па ја држев во прегратка. Тогаш се личеше како во страшен кошмар. Не разбирам како се случило тоа“, вели таа.
Владислава имала намера да ги изгладне своите деца, па потоа нивните слики да ги објави на социјалните мрежи. Сакала да го лаже народот дека децата имаат тумор опасен по живот, за да собере пари за нивно наводно лекување, изнесено е на судењето.
Мајката ги оставила децата сами дома 11 дена, додека поминувала време со својот љубовник и нивната ќерка.
Полициски извор рече дека таа се забавувала додека децата се мачеле до смрт. Психијатрите пресудиле дека таа е ментално способна и дека може да се соочи со судењето.
Судијата Галина Бондаренко ја нарече „цинична и без срце“, а осумгодишната казна што и ја изрече предизвика негодување.
Мајката монструм на судењето рече: „Не можам да пронајдам изговор за себе. Секогаш сакав најдобро за моите деца. Сонував дека ќе студираат, дека ќе живеат подобно отколку јас. Не можам да разберам зошто Бог ми го зеде синот, а мене ме остави овде во притвор“.
Меѓутиа, кога и е изречена пресудата почнала да се смее и да плеска со рацете.
Ако се земе во предвид и времето кое Владислава го помина во притвор од моментот на вршењето на злсоторството, како и условното пуштање, таа во затвор ќе помине само уште 3 години.
Се очекува да се вложи жалба, за казната да се преименува во доживотна.
Нејзината ќерка Ана е дадена на посвојување, а мајката монструм ќе може да ја чува својата најмала ќерка Софија кога ќе излезе од затвор.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација