Мајка на едно-годишно дете тврди дека не може да добие втора смена во ниту една градинка во својата општина
Тамара Петрушев е мајка на едно ипол годишно дете.. Живее и работи во карпош но во попладневните часови, кога вратите на сите градинки во нејзината општина се затворени.
И покрај сите обиди, не успева да добие позитивен одговор на барањето за отворање втора смена во некоја од градинките иако тврди дека за тоа има поддршка од поголема група родители.
Мотив за нејзиното барање е најавата од Министерството за труд и социјала за отворање групи во втората смена дури и ако тоа го побараат родителите на само едно дете. Во реалноста, вели Тамара, тоа не е баш така.
Од општината велат дека тие единствено се одговорни за одржување на објектите, додека целата програма за работење на градинките во две смени ја утврдува МТСП.
На прашањата од Сител, во кои скопски општини функционира проектот втора смена, колку деца се згрижени во изминатиот период, и што треба да се преземе доколку родители од одредена општина имаат потреба да ги носат децата попладне во градинка, а во нивната општина не функционира проектот, од МТСП не добивме одговор.
Министерката Цароска минатата година рече дека ако еден родител има потреба, градинката треба да воведе втора смена.
Според последните информации, втора смена имаат воведено 13 детски установи, во 9 општини во Македонија.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
