Живот
10. May 2018 - 13:02

Мајка монструм: Поради пеколот во кој ги фрлила своите ќерки (5и 6) и најстрогата казна и е блага

Морган Самерлин тешко дека може да се нарече мајка иако родила две девојчиња, кои за жал, им ги продавала на педофили за пари.

Американката од Џорџија (25) призна дека ќеркичките на возраст од 5 и 6 години ги водела во стан кај постари мажи.

Таа во признанието за монструозните злосторства призна дека децата ги однела во станот на 78-годишниот Ричард Поп Офис, која го силувал петгодишното девојче, додека другото му ги масирало стапалата, соопшти обвинителстовото на округот Фултон.

Додека тој во спалната соба се изживувал над девојчињата, Морган го чекала во дневната соба.

По силувањето тој на мајката и давал 100 долари. Тој минатата недела е осуден за силување и злоставување деца на доживотна робија без право на условно.

Морган децата ги продавала и на педофилот Алфред трех, кој исто така ги силувал и сексуално ги злоставувал. Тој за истото злосторството е осуден на 25 години затвор.

-Тешко е да се замисли нешто полошо од ова. Се надевам дека девојчињата ќе го пребродат некако злоставувањето и ќе израснат во здрави личности кои ќе водат продуктивен и исполнет живот, изјави Ирина Касин, помошник на државниот обвинител.

Морган Самерлин е обвинета за трговија со луѓе поради секс, суровост кон деца и подведување деца, а изрекувањето на пресудата е закажано за 4. јуни.

Оваа мајка монструм, која покрај двете девојчиња има и син, делувала на Фејсбук како и секоја друга мајка. Објавувала слики од децата и никој од нејзините пријатели и семејството не знаел што се случува зад затворените врати.

Тереза Дејвидсон, баба на несреќните девојчиња, е обвинета за сурово однесување кон децата зошто не им поверувала кога се жалеле на злоставувањето. Осудена е на 5 години затвор.