Мајка монструм: Го сприжила своето бебе во микробранова
Ка Јанг (34) е осудена на доживотен затвор зошто својата ќерка ја ставила во микробранова печка во наплив на бес.
Детето се здобило со повреди на внатрешните органи и починало.
Нејзините адвокати од Сакраменто истакнвуале дека таа доживеала епилептичен напад и дена не знаела што прави кога своето дете 2011 година го ставила во микробранова печка и ја вклучила на 5 минути.
Јанг е прогласена за виновна за убиство од прв степен откако поротниците го отфрлиле тоа дека не била при чиста свест, пренесува Индипендент.
Во текот на судењето било истакнато дека мајката воопшто не била дезориентирана кога дошла брзата помош во куќата.
Таа првобитно се бранела дека детето се онесвестило и дека паднало на греалката, меѓутоа тоа е пронајдено во микробрановата.
Тужителите истакнуваа дека мајката при напад на бес поради проблеми на работа, детето го ставила во рерната.
Јанг која има уште три деца, осудена е на доживотна затворска казна, односно ќе служи минимална казна од 26 години.
Ново на Сител
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок