Маглата го отежнува патниот и авиосообраќајот

Намалената видливост од маглата го отежнива одвивањето на патниот и авиосообраќајот во дел од државава.
На аеродромот „Александар Велики“ се отакажани утринските летови од Белград и од Истанбул до Скопје, а одложен е летот од Цирих. Отакажани се и полетувањата за Белград и за Истанбул. Преостанатите денешни слетувања и полетувања, според информациите од веб страницата аеродромот „Александар Велики“, треба да се одвиваат според утврдениот ред на летање.
Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), поради појава намалена видливост од 30 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патните правци Велес – Катланово, Катланово - Велес и на планинскиот превој Ѓавато, а од 100 - 150 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и Велес – Штип.
Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ потсетува дека од 15 ноември во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.
Ново на Сител
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
-

Matto Napoletano е меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа - најдобра рангирана пицерија на Балканот
-

На плажа во Пефкохори жена касната од отровната риба-зајак додека влегувала во морето
