Македонија
7. February 2017 - 8:51

Магла на Кула и кај Петровец, сообраќајот во прекин на Евзони

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста е намалена на 30-50 метри во Павлешенци и 50-100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.   

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини во прекин е сообраќајот на Евзони,односно Богородица, а на Меџитлија и Дојран има задржувања подолги од половина час за влез и за излез од државата.