Магаре вмешано во уште една смрт неделава

На регионалниот пат Штип - село Кадрифаково вчера околу 19.05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат мултипла“ со бугарска национална ознака, управувано од С.Д. (29) од Штип и запрежно возило влечено од магаре, а управувано од В.Н. (82) од штипското село Криви Дол.
Во незгодата, од здобиените повреди, В.Н. починал на местото на настанот.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Штип.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Пред 4 дена тригодишно дете од прилепското село Десово загина откако од страна на родителите бил оставено со магаре со кое си играл. Во еден момент се сплеткало со оглавникот на животното, при што бил влечен од истото. Притоа детето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
