Магационер на Кожарскиот комбинат Куманово осомничен за кражба
Шеесет и едногодишниот Ј.М. од Куманово, претставник на стечајните работници од Кожарско преработувачки комбинат Куманово а.д Холдинг во стечај, осомничен е за кражба на кожа и кожни производи од магацинот на фабриката.
Пријава против непознат сторител во Секторот за внатрешни работи Куманово поднел стечајниот управник на комбинатот, по што СВР презел оперативно-тактички мерки и го сомничи Ј.М. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- На Ј.М. му бил доверен клучот од магацинот, а тој во периодот од 2013 до 2015 година континуирано, на засега неутврден начин, изнесувал различна стока од магацинот, со што е причинета материјална штета од околу 3.550.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По наредба на Основен суд Куманово вчера бил претресен домот и други простории на три локации при што биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се сопственост на Кожарско преработувачкиот комбинат Куманово.
- При претресот се пронајдени повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, 62 бали разновидна кожа, женски здолништа, женски чанти, кожни елеци, женски и машки пликоа, кожни мантили, паричници, ремени, машини за шиење на кожа, разни делови за машини и многу други предмети. Сите предмети се запечатени, пренесени во магацинот на фабриката и истиот е пломбиран, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
181 санкционирани возачи во Скопје
-
Напаѓачот бил надвор од местото на митингот на Трамп
-
До крајот на следната работна недела портокалова фаза, од петок заладување
-
Армијата и два хеликоптера ангажирани во гаснењето на пожарот во неготинско
-
Трамп избегна обид за атентат со рана само на увото - напаѓачот е мртов | ВИДЕО
-
Јанчев: За рано наутро обезбедени се авиони и хеликоптери за гаснење на пожарот на Серта
-
Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на Огражден
-
Бебето пронајдено во Велес било дехидрирано, неухрането и со исушена кожа