Мафијата е невидилива, но присутна секаде низ Германија

Експерти за криминал од Германија и Италија, како и политичари и истражувачи, денеска во Берлин разговараат за начините за сузбивање на мафијашките криминални групи, кои не се лесно видливи во германското општество, но постојат во сите поголеми градови во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, собирот се одржува 10 години откако во Дуизбург крвнички беа убиени шест лица при пресметка меѓу две фракции на мафијашката група „Ндрангета“.
- Нема причина да веруваме дека мафијата не е пристуна во Германија. Таа е невидлива, но присутна е речиси секаде, вели Марио Матиоли од организацијата „Мафија? Не“.
Според него, можете да седите во кафуле во Минхен и да не знаете дека пиете кафе во објект на мафијата или може да бидете гостин на музички фестивал, а всушност да бидете гостин на мафијата.
Според германската криминалистичка полиција, во Германија има околу 560 осомничени членови на мафијашки групи, кои се уште се активни.
Ново на Сител
-

Младите и социјалните мрежи
-

Преглед на вестите од светот
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
