Маестро Шукри ги израдува децата со дијабетес
Виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри по минатогодишниот хуманитарен концерт денеска ја реализираше донацијата за децата со дијабетес. Од средствата собрани од концертот оддржан во Националната опера и балет обезбеди 70 транспортери со ладилник за инсулин наменети за децата со дијабет тип 1 од внатрешноста на државата. Торбичките, на дел од нив, лично им ги подели на средба во гардскиот парк во Скопје.
- Кога на телевизија видов дека децата со дијабетес долго чекаат сензори, ми падна многу жал, ми се насолзија очите и така се одлучив да направам конецрт за нив. Од средствата ги набавивме овие транспортери и сакав вака лично да се запознаам со овие дечиња и да ја видам радоста во нивните очи, им рече маестор Шукри на присутните на настанот.
Најмалите беа радосни што некој се стил на нивните потреби и што ќе можат безгрижно на овие високи температури да ги носат своите пенкала со инсулин.
За сите оние кои денеска не може да ги земат транспортерите, тие со помош на сојузот на дијабетичари ќе бидат доставени преку нивните локални ограноци низ државата.
Професорот Шукри и во своето семејство има искуство со дијабетот преку неговата мајка, која е дијабетичар и ги живее и се соочува со проблемите на овие пациенти.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе