Мадуро прогласи победа на изборите за Уставотворно собрание

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро прогласи победа на изборите за Уставотворното собрание.
- Имаме Уставотворно собрание. Тоа е најголема победа, што револуцијата ја оствари во својата 18-годишна историја, изјави Мадуро, обраќајќи им се на стотиците приврзаници во Каракас, откако Изборната комисија соопшти дека излезноста била 41,5 проценти.
Опозицијата тврди дека излезноста била околу 12 отсто.
Мадуро не е популарен меѓу граѓаните на Венецуела поради економскиот колапс во последните четири години откако е на власт. Тој инсистираше на вчерашното гласање со цел да се формира собрание кое би имало широки овластувања и покрај заканите од американски санкции и повеќемесечните протести на опозицијата.
Критичарите прердупредуваат дека уставотворното собрание ќе му овозожи на Мадуро да го распушти Конгресот, каде мнозинство има опозицијата, да ги пролонгира изборите и да ги измени изборните правила.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
