Мадуро: Не ме плашат санкциите од САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека и покрај воведените санкции за него од страна на САД тој не планира да се откаже од плановите за Уставотворното собрание и од борбата против непријателите.
Тој, како непријатели ги посочи од „независните новинари до вооружените мажи кои се пратени од соседна Колумбија за да го нарушат гласањето како дел од меѓународен заговор раководен од императорот Доналд Трамп“.
- Не ме плашат. Заканите и санкциите на империјата не ме плашат ниту за миг. Не примам наредби од империјата ниту сега ниту кога било... Воведувај уште санкции Доналд Трамп. Јас сум против северноамериканскиот империјализам, колонијализам, расизам. Јас сум против Кју Клукс Клан, кој управува со Белата куќа, посочи Мадуро.
Тој додаде дека е горд на санкциите, истакнувајќи оти Трамп направил најголема грешка во животот што се занимава со Венецуела.
Американското Министерство за финансии вчера Мадуро го означија како диктатор кој претставува опасност за демократијата во Венецуела и воведоа санкции, со кои се замрзнува евентуалниот негов имот во САД.
Санкциите предвидуваат и забрана за преговарање на американски претставници со претседателот на Венецуела.
Ново на Сител
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
