-->
-->
Мадуро му забрани на лидерот на опозицијата да се занимава со политика во следните 15 години, Гуадио оваа одлука ја нарече неуставна
-->

Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро му забрани на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо вршење на јавна функција во следните 15 години, соопштил владиниот финансиски контролор Елвис Аморосо.
Гуаидо, кој е на чело на националното собрание каде опозицијата го има мнозинството и самопрогласен привремен претседател, е обвинет од страна на владата за корупција.
Аморосо се повикал на одредени недоследности во личните финансии кои ги пријавил Гуаидо, како и трошоци кои се повисоки од неговата плата.
Овој потег доаѓа еден ден откако опозицискиот лидер ги повика граѓаните на Венецуела на масовен протест поради националната рестрикција на електрична енергија во текот на утрешниот ден.
Гуаидо во јануари се прогласи за привремен претседател, повикувајќи се на тоа дека реизборот на Мадуро во 2018 година бил нелегитимен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
