Мадона посвои близначки, но се јави таткото - тврди дека е измамен и си ги бара назад
Поп дивата Мадона неодамна освои близнаци од Малави. Меѓутоа сега се огласи нивниот татко кој тврди дека е измамен.
Имено, таткото на двете деца од Малави кои Мадона веќе ги однесе во Њујорк тврди дека не знаел дека децата му заминуваат засекогаш.
-Ми рекоа дека Истер и Стела ќе бидат во домот на богата жена, дека ќе им овозможи добро образование, но и дека ќе ги врати за да ни помогнат нас, на нашето семејство. Сега ми велите дека посјувањето било трајно. Тоа не мора да биде вистина, не сакам да биде така. Јас сум нивен татко и секогаш ќе останам, вели Адам Муале.
На Адам сопругата му починала на породување и останал сам со седум деца.
"Директорот на сиропиталиштето ми рече дека тоа е одлична прилика за моите деца. Реков дека се сложувам со се, но не можев да претпоставам дека нема да ги видам никогаш повеќе, продолжува таткото на девојчињата.
Тој додава дека согласноста за посвојување ја потпишал неговиот брат.
Мадона пред недела дена и официјално ги посвои близанците од оваа африканска земја. Пејачката и претходно посвои две деца од Малави, а освен нив има и две свои биолошки деца.
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта