Мадона на Инстаграм немилосрдно навредена од синот Роко
Не се гледа крајот на немилосрдната војна меѓу Мадона и нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи околу старателството врз нивниот син Роко.
Ниту после четири месеци престој кај татко му во Велика Британија, Роко нема намера да се врати кај својата мајка во Њујорк. Уште повеќе, тој преку социјалните мрежи почна и да ја навредува кралицата на попот.
Роко, под името „soccoritchie“, на Инстаграм се потпишал како „курвин син“ (Son of a Bitch), а тоа наводно многу ја потресло неговата мајка.
Весникот „Mail on Sanday“пишува дека Мадона заради сето ова што се случува на реалцијата со синот одлучила на почетокот на следната недела да одлета за Лондон, за да се види со него, првпат по Божик, и да се обиде да го поправи нивниот однос.
Медиумите нагаѓаат дека причината заради која Роко се одлучил на ваквиот потег е тоа што Мадона, на концертот во Австралија, неговиот татко го нарекла курвин син.
Момчето извесно време не беше присутно на Инстаграм, бидејќи во декември го згасна својот стар профил, откако неговата мајка објави фотографија на која тој изгледа како девојче.
Ново на Сител
-
Кривична за 26-годишник од Скопје, кој на 16 август лажно пријави за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром
-
Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег
-
Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“
-
Ким ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регион
-
ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно
-
Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал
-
Џ. Д. Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина
-
Поради пожар забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје