Маалска дружба на новиот детски парк во Криви Дол
Маалска дружба меѓу најмладите и возрасните жители на местото Криви Дол денеска се одржа на новото детско игралиште, со реквизити за деца, клупи за седење, корпи за отпадоци и лед светилки. На маалската дружба меѓу присутните беше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.
-По долги години, започнавме да инвестираме во овој дел од Карпош. Најавувам дека следи и целосна реконструкција на една од главните улици во овој дел, ул. „Новопроектирана“ 4А. Со ова ново детско катче, овозможуваме повеќе простор за најмладите, но и за нивните родители, баби и дедовци кои ќе можат заедно со нив да го поминуваат своето слободно време, изјави Богоев, додавајќи дека до игралиштето биле засадени дрвја.
-Странично од игралиштето засадивме и нови дрвја, за да се создаде поубав амбиент и да се зголеми зеленилото, рече Богоев.
Градоначалникот на Карпош во разговор со жителите се информираше и за другите нивни проблеми. Тие бараат редовна автобуска линија, решавање на метежот на бул. „8 Септември“ и подобра инфраструктура. За проблемот со автобуската линија градоначалникот им напомена дека ќе го повика директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), за да го информира за проблемот.
Исто така, Градот Скопје планира поставување на кружен тек на бул. „8 Септември“ (после хотелот „Александар Палас“), со што значително ќе се придонесе во намалување на сообраќајниот метеж, информираат од општина Карпош.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани

