Луначек: Србија нема да стане членка на ЕУ додека не го признае Косово
Потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек тврди дека Србија нема да може да стане членка на ЕУ, се додека не ја признае независноста на Косово.
Како што јави албанската агенција АТА, во обраќање на трибината „Развој на односите меѓу Србија и Косово“, што се одржа во Берлин во организација на Фондацијата „Хајнерих Бел“, Луначек нагласи дека таа е „постојано ангажирана и бара петте преостанати земји (членки на ЕУ) да ја признаат независноста на Косово.
- Тоа мора да се случи, додаде Луначек.
Во обраќањето на истот собир, претставникот на Советот за демократски политики, Бодо Вебер, изјави дека на Србија не би требало да и се дозволи да стане членка на ЕУ пред Косово.
- Никој не може да гарантира дека потоа Србија нема да го блокира членството на Косово во ЕУ, рече Вебер.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори