Луначек и Хан нудат посредување за надминување на кризата во Косово
Потпретседателката на Европскиот pарламент и воедно специјален известувач за Косово, Улрике Луначек, и еврокомесарот за прошитување, Јоханес Хан, понудија помош за решавање на спорот меѓу позицијата и опозицијата во Приштина, јави ТВ Кљан Косова, а пренесе порталот Зери. инфо.
Тоа, како што се наведува, им било соопштено на членовите на парламентарната комисија за интеграција на косовското Собрание во текот на нивниот престој во Брисел.
-Тоа ни го кажаа и порачаа дека за нивната подготвеност да ги информираме нашите политички и партиски лидери на Косово, за оваа телевизија изјави еден од пратениците кои присуствувале на средбата, а чие име не се наведува.
Приштина е во голем проблем бидејќи косовската опозиција подолго од пет месеци ја опструира работата на Парламентот, а во следниот период се очекуваат значајни одлуки, како, на пример, изборот на претседател на Косово.
Три опозициски парламентарни партии ја опструираат работата на Парламентот заради несогласување со формирањето на Заедницата на српски општини.
Опозицијата за 17 февруари, на денот на прогласувањето на косовската независност, закажа голем антивладин протест на кој ќе бара актуелната власт да поднесе оставка или да го повлече потписот од бриселската спогодба што ја предвидува таквата можност.
Косовскиот премиер, Иса Мустафа, во пресрет на денешното продолжение на дијалогот во Брисел потврди дека Заедницата на српски општини ќе биде формирана.
Ново на Сител
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка