Луначек бара од Приштина да ја искористи втората шанса

Потпретседателката на европскиот Парламент Улрике Луначек побара косовската Влада да ја искористи „втората шанса“' и собранието во Приштина да ги усвои уставните амандмани со кои ќе се овозможи формирање на Специјален суд за воените злосторства на ОВК.
Како што пренесуваат приштинските медиуми, Луначек се придружила на синџирот за „жесток притисок“ врз косовската Влада, за Собранието да го разгледа и усвои овој закон.
Луначек за порталот „Лајми.нет“' истакна дека основањето на Специјален суд на Косово ќе му овозможи да продолжи по својот пат, ослободувајќи се од „нејасното“, а докажувајќи го „чистото минато“.
Медиумите во Приштина пренесуваат дека во овој момент, кога меѓународниот притисок е зголемен и продолжува да расте за да се изгласа Специјалниот суд, најголемата партија на Косово - ДПК на Хашим Тачи, се чини, и натаму не ги убедила нејзините пратеници кои гласааа против Специјалниот суд, да го сменат ставот.
Пратениците на оваа партија Наит Хасни, Ганимете Муслиу, Фадил Демаку и останатите изјавија дека повторно ќе гласаат против оснивањето на Специјалниот суд и дека не ги промениле нивните ставови, пренесуваат медиумите во Приштина.
Ново на Сител
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
-

Мицкоски од Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
-

Шестгодишно дете тешко повредено откако во него удрил камион во Скопје
-

Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило
-

Тошковски: За десет месеци 33 загинати помалку во сообраќајот
-

Извештај на ЕК: Македонија е целосно усогласена со ЗНБП и ги засили напорите за Реформската агенда, остануваат уставните измени
