Лукашенко на Путин му подари трактор за неговиот 70-ти роденден

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на својот руски колега Владимир Путин му подари трактор за неговиот 70-ти роденден.
Лукашенко му го предаде сертификатот за тракторот на Путин во Санкт Петербург на состанокот на лидерите на неколку поранешни советски републики.
Тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време.
Лукашенко изјави дека и тој во својата градина користел сличен модел на трактор како тој што му го дал на Путин.
Во говорот на почетокот на состанокот, Путин не го спомна подарокот.Тој зборуваше за потребата да се разговара за начините за решавање на конфликтите меѓу поранешните советски републики и ја истакна потребата од размена на информации во борбата против тероризмот, трговијата со дрога и други форми на криминал.
Ново на Сител
-

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
