Лукач: Исламска држава има свои краци во БиХ
Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, говорејќи за серијата напади во Босна и Херцеговина во последно време изјави дека станува збор за терористички акти и дека Исламска држава има свои краци и во Босна и Херцеговина, соопшти Танјуг.
Во настапот на српската државна телевизија-РТС, Лукач изјави дека неколку стотици лица од Босна и Херцеговина војуваат во Сирија, од кои 40-50 се вратиле во земјата и со себе ги донеле радикалните идеи и идеологијата на злото.
- Имаме доволно информации кои се луѓето што се занимаваат со терористички акции во Босна и Херцеговина, рече Лукач.
Според него, проблемот е во тоа дека водечките политичари во Босна и Херцеговина, особено во Федерацијата Босна и Херцеговина, не сакат тероризмот да го нарекуваат со вистинското име и да кажат кои се луѓето кои се подготвени да извршат терористички акти.
- Сите досегашни терористички акти во Босна и Херцеговина беа поврзани со вахабиското движење, изјави Лукач и додаде дека во Босна и Херцеговина опстојуваат цели енклави, кои не ги признаваат државните закони и живеат според свои правила, во кои полицијата ретко влегува и кои се населени главно со вахабисти.
Ново на Сител
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби
-
РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови