Лука Хаџи Јорданов - единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона
Лука Хаџи Јорданов е единствениот Македонец кој добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција, кој на шангајската листа е 4. во светот за студии по математика. Оваа стипендија PGSM (Paris Graduate School for Mathematical Sciences) годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти (повеќе информации за стипендијата на следниов линк: https://www.sciencesmaths-paris.fr/en/pgsm-master).
Оваа стипендија се доделува за студирање на универзитетите Sorbonne, Paris Dauphine и Paris Cité од 2010 година. Точен број на кандидати годинава се уште не е објавен, но во 2022 за за факултетите аплицирале 1023 кандидати, од кои 41 ја добиле стипендијата, што значи ја добиваат помалку од 5% од кандидатите. Тој исто така аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на шангајската листа за математика.
Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади. „На околу 30-тина имам освоено медал, што претставува рекорд меѓу македонските олимпијци по математика, можеби и во која било друга наука. Годинава дипломирав теориска математика на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, највисоко рангираниот универзитет на Балканот по Шангајска листа. Четиригодишните студии ги завршив за 3 години со 10.0 просек, додека последните 18 испити (од 40 вкупно) ги положив во рок од 6 месеца (ова вклучува и 11 испити положени во една споена испитна сесија). Мислам дека сум единствениот студент во Србија што успеал да го постигне ова откако постои Болоњската декларација во оваа земја од 2003 година“, објаснува Хаџи Јорданов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника