Луѓето со недостиг од витамин Д имаат посериозна ковид-слика
Израелски научници дојдоа до сознание дека има значителни разлики во шансите за развој на сериозни последици од Ковид-19, споредувајќи ги пациентите кои имале доволно витамин Д пред да се заразат, со оние кои имале недостаток од витаминот кога биле заразени.
Научен труд, објавен во списанието „Плос уан“ (PLOS One), покажа дека половина од луѓето кои имале недостаток на витамин Д пред да се заразат со Ковид-19, потоа развиле потежок облик на болеста, во споредба со помалку од 10 отсто од луѓето кои имале поголемо ниво на витаминот во крвта. Одамна е познато дека витаминот Д е од витално значење за здравјето на коските, но неговата улога во заштитата од коронавирусот досега беше помалку позната.
– Најновото истражување е првото што ги испитува нивоата на витамин Д кај поединци пред да се заразат со Ковид-19. Најдовме неверојатни и запрепастувачки разлики во вашите шанси да станете пациент со тешки симптоми кога имате недостаток на витамин Д во споредба со кога некое лице има доволно ниво на овој витамин, рече д-р Амиел Дрор, автор на испитувањата и лекар од Медицинскиот центар на Галилеја во Нахарија, Израел.
Сепак, истражувањата не докажуваат дека витаминот Д штити од коронавирус и не е изговор за избегнување на вакцини и земање витамини.
Поголемиот дел од витаминот Д доаѓа од директното изложување на кожата на сончева светлина, а го има и во храната како што е риба, печурки, жолчки од јајце… Нивоата на витамин Д повисоки од 20 нанограми на милилитар се сметаат за доволни за повеќето луѓе, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
Ново на Сител
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол