ЛШ – жени: Фуриозниот старт „вардарки“ ја донесе победата над Митјиланд
Ракометраките на ЖРК Вардар ја остварија втората победа во групата откако попладнево во СЦ „Јане Сандански“ го победија дански Митјиланд со 33:24(16:8).
Фуриозниот старт на „вардарките“ го донесоа триумфот. По водечкиот гол на гостинките Вардар иамше серија од 6:1, кога данската клупа го побара првиот тајм аут. По новата серија од 6:2 во 18.минута Вардар имаше водство од 12:4 и Митјиланд го искористи вториот тајм аут. Потоа и гостинките направија серија од 3:0, за клупата на ЖРК Вардар да бара тајм аут и во финишот на првиот дел „вардарки“ пак дојдоа до највисоките + 8 (16:8).
На почетокот на вториот дел Вардар дојде и до највискоките +10 (19:9), но по исклучувањето на Алхаус, Митјиланд направи серија од 4:0 за да го намали водството. До крајот на натпреварот зачестија грешките на нашите ракометарки и гостинките од Данска го искористија тоа и натпреварот го донесоа во неизвесна завршница, која сепак „вардарки“ ја завршија со висока разлика.
Девет од последните десет голови за Вардар ги постигнаа Радичевиќ (4) и Пенезиќ (5).
Најефикасни кај ЖРК Вардар беа: Пенезиќ со 10 и радичевиќ со 6 голови, додека Ина Суслина имаше 10 одбрани (7 во првиот дел).
На вчера одиграниот натпревар од групата Ц: Хипо – Ѓер 21:29.
Табела: ЖРК Вардар 4, Митјиланд 4, Ѓер 4, Хипо 0.
Ново на Сител
-
Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал
-
Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Пртва светска мвојна
-
Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво од пристапниот процес
-
Маричиќ: Го честитам успехот на победниците, ќе се вложам во реформите во СДСМ
-
Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ
-
Утре посвежо со повремени врнежи од дожд
-
Гордана Сиљановска-Давкова прва жена претседател на Северна Македонија
-
Груевски и честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и испрати порака