Ракомет
28. September 2015 - 9:19

ЛШ: Веспрем два месеци без Наѓ

Капитенот на Веспрем, Ласло Наѓ, поради фрактура на раката ќе отсуствува од тимот во наредните пет до седум недели.
 
Десниот бек ја повредил шутерската рака во дуелот со еден од најдобрите дефанзивци во Европа, Тобијас Карлсон, на саботниот меч помеѓу Веспрем и Фленсбург (28:24).
 
Веспрем во наредниот период на десната бековска позиција ќе го има само германскиот интернационалец Кристијан Цајц.
 
Повредата на Наѓ е дополнителен проблем за Веспрем, кој минатата недела остана без тренерот Ортега. Шпанскиот стратег доби отказ од раководството на клубот.