-->
-->
ЛШ: Вардарки со прва победа на гости
-->
Ракометарките на Вардар многу потешко од прогнозите и очекувањата славеа против Астраханочка во третиот меч од ЛШ со 31-26 што е нивна прва победа на гостински терен.
Македонскиот првак уште од стартот со водство од 5-1 ја најави фаворитската улога но играше со осцилации и дозволи противникот константно да прави притисок особено поради слабата игра во одбраната. Најефикасна во таборот на Вардар беше Пенезиќ со 10 погодоци, а Мавсар постигна 6. Во составот на Астраханочка Сабирова постигна 8, додека Чигиринова запиша 5 погодоци.
Во следното коло кое е на програмата на 05 ноември, Вардар ќе го пречека денешниот противник во салата „Јане Сандански“ во терминот од 17-30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
