-->
-->
ЛШ: Вардар како лидер на групата и гостува на Барселона
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва (19:30 часот) го игра дербито на 7.коло од Лигата на шампионите. „Вардарци“ по ремито со Веспрем во СЕХА лигата директно замина за Барселона за во порелаксирана атмосфера да го дочека дуелот со големиот фаворит каде меѓу ѕвездите на тимот е капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
Дуелот „Блау Грана“ е вистинската проверка на шампионските сили на Вардар.
Резултати и двојки од 7.коло:
А група: Кил – ПСЖ 26:30, Флензбург – ППД Загреб 28:27, Висла – Бешикташ и Цеље – Веспрем.
Табела: ПСЖ 12 бодови, Флензбург 10, Веспрем 9, Кил 8, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 2.
Б група: Барселона – Вардар, ПИК Сегед – Кристијанштад, Монпеље – Рајн Некар Ловен, Колдинг – Киелце.
Табела: Вардар 10, Барселона 9, Рајн Некар Ловен 7, Киелце 6, ПИК сегед 6, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.
Ц група: Татран Прешов – Порто 24:25, Војводина – Мешков Брест, Ла Риоха – Чеховски Медведи.
Табела: Ла Риоха 10, Порто 10, Мешков Брест 8, Чеховски Медведи 4, Војводина 4, Татран Прешов 2.
Д група: Металург – Мотор 21:23, Баја Маре – Скјерн и Елверум – Кадетен Шафхаузен.
Табела: Мотор 10, Скјерн 8, Баја Маре 8, Кадетен Шафхаузен 5, Металург 4, Елверум 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“