-->
-->
ЛШ: Вардар го декласираше европскиот првак
-->
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево во дербиот на 6.коло од Лигата на шампионите го победија европскиот шампион Киелце со 40:34 (18:18) и со 10 бодови се сами на првата позиција во групата Б.
Во полната сала во СЦ „Јане Сандански“ двете екипи се менуваа во водство во првиот дел. Вардар имаше серија од 5-0 и највискои 9:6, а Килеце претходно водеше 6:4 по серијата од 4-0. По 14:14 ниту една екипа до 24:24 немаше поголемо водство од еден гол, а резултатот беше изедначен дури 14 пати.
Вардар се одлепи резултатски откако направи серија од 7-2, а потоа и од 6-2 и во финишот на дуелот ги имаше највискоките +9 (39:30).
Најефикасни кај Вардар беа: Игор Карачиќ со 9 голови, а по 8 постигнаа Тимур Дибиров и Алекс Душебаев, додека за Киелце Агинагалде беше стрелец на 8 голови.
Вардар следниот натпревар го игра на 17.ноември на гости кај второпласираниот тим во групата Рајн Некар Ловен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР